Апасиев: Електронското гласање не е препорака на ОБСЕ/ОДИХР, туку каприц на ДПМНЕ против Левица

Од:

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција во Собранието информираше дека пропаднале последните преговори за измените на Изборниот законик, поради што Левица ќе продолжи со филибастерингот и ќе поднесе околу 3.500 амандмани.

Апасиев соопшти дека, иако бил постигнат напредок околу најголемиот дел од спорните прашања, договор не бил постигнат поради инсистирањето за воведување електронско гласање на дијаспората.

Според него, целиот процес уште од самиот почеток покажувал дека двете најголеми партии дејствуваат координирано на штета на Левица, со цел да се зачува постојниот изборен модел кој ја дискриминира партијата во однос на државното финансирање.

„Во ваков статус кво единствен кој губи е Левица, бидејќи остануваат непринципиелните правила на политичка дискриминација“, истакна Апасиев.

Тој оцени дека моделот на електронско гласање што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е неприменлив во македонски услови, бидејќи се повикува на францускиот модел, иако Франција има околу три проценти дијаспора од вкупното население, додека кај Македонија таа бројка изнесува околу 33 проценти.

Апасиев нагласи дека Левица била подготвена да разговара за ограничена, експериментална примена на електронското гласање исклучиво на претседателските избори, како единствени избори за кои Уставот предвидува цензус, но дека и тоа решение не било прифатено.

Воедно, тој посочи дека електронското гласање воопшто не е препорака ниту на ОБСЕ/ОДИХР, ниту на ИФЕС, оценувајќи дека неговото вметнување во преговорите било политички мотивирано и насочено кон минирање на можноста за постигнување договор.

Апасиев најави дека Левица денеска ќе ги архивира околу 3.500 амандмани во собраниската архива и ќе продолжи со филибастерингот на предлог-измените. Тој додаде дека очекува Уставниот суд на 8 јули да ја укине спорната одредба од Изборниот законик, по што, како што рече, Собранието повторно ќе мора законски да ја уреди оваа материја.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите