Апасиев: ДПМНЕ за првпат не дозволи пратеник да се обрати на јавна расправа во Собрание

Од:

„Денес, во несоодветна собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, а под притисок на јавноста се одржа јавна расправа за безбедност во сообраќајот. Присуствував од почеток до крај на оваа расправа“ напиша меѓудругото на Фејсбук лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

1. ВМРО-ДПМНЕ ја загуши секоја можност за конструктивна дискусија. За прв пат во историјата на парламентаризмот не им беше даден збор на пратеници!? А самиот збор “parlare” значи зборува.

2. Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов ја лажеше опозицијата за текот и сценариото на расправата (Левица ја лажеше дека СДС нема да земе збор, а СДС дека Левица не сакала да збори. ДПМНЕ режисерите си свиркаа и глумеа загриженост).

3. За прв пат не беше прифатен ниту гостин предложен од опозицијата (гостинот на Левица) – иако тоа е деловничка должност, стои во објавата на Апасиев.

Тој потенцираше – „Еве со какви за греови ликови и ситни души си имаме работа во Собрание. И овие злобни дудуци утре ќе глумат “конструктивност и инклузивност” во политичките процеси во Македонија“.

Би можело да ве интересира

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска