Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Од:

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи го праша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дали планира да испрати официјална делегација по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Москва.

Истово прашање е поднесено во форма на писмено пратеничко прашање до Муцунски на кое Апасиев уште чека одговор.

„Дали ќе имаме државна делегација по повод големиот јубилеј 80 години од победата над фашизмот“, чунки ние сме народ кој стекнал своја држава на АСНОМ – баш како победник во Втората светска војна“, напиша Апасиев на фејсбук, нагласувајќи дека сè уште го чека одговорот.

„Годинава, низ Европа и светот, се очекува, овој значаен датум – 9 Мај да се одбележува со низа манифестации, почести и државни церемонии, имајќи предвид дека победата над фашизмот во 1945 година претставува темел на современото антифашистичко и демократско општество. Во Македонија, значењето на победата над фашизмот беше предуслов за формирање на македонската државност преку АСНОМ во 1944 година. Дали и како Македонија ќе се вклучи во одбележувањето на овој историски јубилеј засега останува неизвесно, а јавноста со интерес го очекува официјалниот став на Министерството за надворешни работи“, вели Апасиев.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он