Антониа Гиговска му откажа на Артан Груби: Менаџерот ме пријавил без да знам, мене политика не ме интересира

Од:

Македонската музичка ѕвезда Антониа Гиговска го откажа учеството на музичкиот спектал на плоштадот „Скендербег“ во Скопје со кој ќе се одбележи 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор и започнувањето на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Еден ден по владината реклама дека ќе биде една од ѕвездите на Мировниот фестивал што предизвика и многу негативни реакции на социјалните мрежи дека ќе пее на политичка забава, Антониа Гиговска одлучи да го откаже учеството со изговор дека нејзиниот менаџмент прифатил ангажман за кој не знаела дека има политичка конотација.

„Антониа Гиговска нема да биде дел од настанот “Peace Festival“. Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев / не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит кон организаторот и кон било која политичка страна. Јас не сакам да бидам дел од такви манифестации ,ниту некогаш сум била.. Политиката не ме интересира. Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене. Ваша Антониа“, гласи кратката порака која ја испрати до „А1он“ после неколку часа откако редакцијата ја побара Антониа за потврда дали ќе го откаже учеството на настанот.

Нејзина замена ќе биде Владо Јаневски, а неговата фотографија се појави на офоцијалниот профил на владата.

Министерството за политички систем ќе го организира музичкиот хепенинг „Мировен фестивал“ и школата за млади лидери во Маврово наречена „Peace forum dialogue“ кои граѓаните ќе ги чинат 70.000 евра. Ова за „А1он“ го потврдија од кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби:

„За сите манифестации за одбележување на Охридскиот мировен договор од буџетот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се одвоени средства во износ од 4.200.000,00 денари и за реализација на одбележувањето на 21-годишнината на Рамковниот договор е задолжена Агенција. Истата согласно склучениот договор веќе објави оглас за пријавување на млади за учество на првата школа за млади лидери наречена “Peace forum dialogue” согласно програмата на Владата усвоена во Собранието“, истакнаа од министерството за политички систем.

Оттаму рекоа дека целта на оваа школа е да ги спои одбележувањата на Охридски, Преспански и договорот за добрососедство со Бугарија заедно со целокупна тридневна организација на школата со над 90 учесници и неколку предавачи. Во сабота ќе се одржи и првиот Мировен фестивал кој заедно со школата треба да стане традиционален настан.

„Ќе ангажираме домашни и странски естрадни ѕвезди и бендови за првиот Мировен Фестивал “Peace Festival” кој што, заедно со школото, целиме да стане традиционален настан и да прерасне во неколкудневен фестивал налик на Sunny Hill Festival и Exit.“

Од министерството рекоа дека настапот на фестивалот на плоштадот „Скендербег“ го потврдиле Мајк, Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“