Антикорупциска пресече – ќе има нови вработувања за јаслите во „Кочо Рацин“

Од:

„Конечно ќе може да се реализира она што родителите со нетрпение го очекуваа. Ќе се отворат две групи јасли за згрижување на најмладите во градинката „Кочо Рацин“.

Надмината е последната пречка и добиена е согласност од Државната комисија за спречување на корупцијата, која потврди дека не постои законска пречка детската градинка да ја реализира постапката за вработување на девет лица на работните места – 7 негователи, 1 помошник готвач и 1 воспитувач.

Комисијата оценила дека се работи за вработување за итни и неодложни работи. Дека состојбата е итна и алармантна, говореа дваесеттината барања и интервенции на директорката на градинката и градоначалникот на општина Центар до Министерството за труд и социјална политика. Претходната власт за ова немаше разбирање, па затоа согласноста е добиена пред 2 месеци.

Педесетина деца до двегодишна возраст чекаа да бидат сместени во групите јасли, иако градинката располага со празни занимални токму за оваа намена од најсовремен вид. Јаслите, како и целата градинка, се комплетно и модерно опремени, со подно греење, со кујна по европски стандарди, со посебен влез и лифт.

Претходната владеачка гарнитура не дозволуваше вработувања како замена на лицата кои веќе биле пензионирани. Со промената на власта, се очекува и откочување на други процеси и проекти кои беа блокирани од политички причини“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Новотни: Доста е од бетон и чад — Центарот мора да стане место каде што децата слободно дишат

Марковски: Скопје мора да дише слободно

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар