Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

Од:

Антикорпционерите на денешната седница на Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) не поведоа постапка за заменик премиер и заменик министер за користење на службени возила и флешери на партиски настан, бидејќи, како што рекоа, согласно законите немаат елементи за постапување.

Но, до Владата упатија укажување да се почитува етичкиот кодекс при вршењето на функциите, од страна на владините функционери. Пријавата ја има доставено познат подносител, со доказ.

На денешната седница беа запрени повеќе постапки за доставување на анкетни листови на членови на Управни и надзорни одбори, како и на директори, бидејќи или има застареност или веќе имаат платено прекршочна глоба. Се разгледуваа и постапки за именување на вршители на должност на директори на училишта и постапките за вработување на наставници во неколку училишта низ земјата.

До Антикорупционерите пристигнала и пријава од Министерството за култура против Јавно претпријатие од Струмица за нарушување за заштитено добро за заштита на струмичка чаршија, односно биле поставени канделабри со што директорот направил прекршување и доставена му е опомена да ги отстрани канделабрите со табли со грбот на Општина Струмица, кои биле дел од заштитената стара струмичка чаршија.

Посочија дека наводите не се однесуваат на ДКСК, бидејќи веќе има опомена од надлежната инспекција и за овој случај ДКСК нема законска надлежност. Антикорупционерите разгледуваа и пријави за неколку факултети, каде што се наведува дека одредени кандидати не биле избрани во редовни или вонредни професори, согласно законот. Но, во овие случаи веќе постапил Државниот просветен инспекторат и затоа постапките се запираат од страна на ДКСК. На денешната седница се разгледуваа и пријави по укажувачи.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Со демантот за октоподот, ДКСК индиректно призна дека работи за власта

Во Антикорупциска има мрежа преку Цвета Ристовска за контрола на предмети за ВМРО-ДПМНЕ, тврди Левица

И Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска не пријавиле имот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски