Анкета на НДИ: СДСМ со 3,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ води со 3,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од анкетата на Националниот демократски институт, која е спроведена во периодот пред да се одложат изборите.

dobivaj vesti na viber

На прашањето за кого ќе гласате доколку изборите се одржат денеска, 22,9 отсто од анкетираните се определиле за СДСМ, а 19,6 отсто се изјасниле за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ доби поддршка од 7,2 отсто, Алтернатива и Алијансата имаат 5,8 проценти, додека за Беса се определиле 1,7 отсто од анкетираните. Ист процент од 1,7 доби и Левица.

Четириесет и три отсто од испитаниците се изјасниле дека СДСМ треба да го заврши тоа што го почнала, а 47 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да победи на изборите.

Кај политичките лидери граѓаните одговарале за нивната наклонетост, при што за лидерот на СДСМ Зоран Заев се определиле 44 отсто, додека Христијан Мицкоски има 25 проценти.

Во истражувањето е забележана загриженост на граѓаните за домашните прашања како корупцијата и нивната континуирана поддршка за реформите кои ќе ја приближат земјата до Европската унија.

Во истражувањето исто така е забележано дека граѓаните имаат чувство дека земјата се соочува со недостиг на напредок, такво мислење имаат 74 отсто од етничките Македонци и 57 отсто од Албанците.

Анкетата е спроведена во февруари/март 2020 година пред појавата на падемијата на Ковид-19, пред формализирањето на членството на Северна Македонија во НАТО на 19 март и пред одлуката на 24 март за почеток на преговори со ЕУ, на примерок од 1.212 испитаници, а маргината на грешката е +/- 2,81 проценти.

Осумдесет и два отсто од испитаниците дале поддршка за влез на земјата во Унијата, три од десет испитаници го поддржале Преспанскиот договор, а 58 отсто се согласиле дека Договорот бил неопходен за придвижување на евроатлантските интеграции на Северна Македонија.

-Граѓаните на Северна Македонија бараат од Владата да ја искорени корупцијата и да ги адресира економските предизвици, изјави Роберт Бенџамин, регионален директор на НДИ за Централна и Источна Европа.

Од институциите најголема поддршка добил претседателот на државата – 35 отсто, а најмала доверба граѓаните имаат во правосудниот систем – 12 отсто.

Би можело да ве интересира

Гаревски испитува за паниката и стравот од битолскиот земјотрес од минатиот месец и скопскиот од 1963

Маја Илиевска-Пачемска

Анкета на Рејтинг: 52,5% од граѓаните на Скопје се согласуваат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години

Катерина Павлова-Николовска

Анкета: Американците се подготвени да примаат пониска плата, само да работат од дома

Анкета на „Брима“: СДСМ и Зоран Заев со најголема доверба од граѓаните

Ана Ололовска

Анкета на Фејсбук: Македонските граѓани би ја избрале руската вакцина „Спутник“ против Ковид-19

Мери Јордановска

Анкета: Најголем број од граѓаните би се вакцинирале со руската вакцина „Спутник“

Мери Јордановска