Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Од:

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголемиот број испитаници, односно речиси половината, се изјасниле дека најмалку за Скопје направил актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Во резултатите од анкетата сепак, треба да се земе предвид дека Шилегов е градоначалник само година и половина, за разлика од Коце Трајановски и Ристо Пенов, кои беа на градоначалничките функции два мандати.

Според резултатите од анкетата, 8,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека Ристо Пенов, кој беше градоначалник на Скопје од 1996 до 2005 година направил најмалку за градот. За Трифун Костовски, наследникот на Пенов, кој беше градоначалник од 2005 до 2009 година, негативно се изјасниле 16,4 проценти од испитаниците. За Коце Трајановски, кој беше градоначалник два мандати, од 2009 до 2017 година, над 27 отсто од анкетираните се изјасниле дека направил најмалку за градот.

На анкетата на „Макфакс“ гласале 5.474 испитаници. Анкетата беше спроведена на 13 јуни на 13 веб-страници и траеше 24 часа. Најголемиот дел од лицата кои се изјасниле на анкетата биле мажи, на возраст од 25 до 44 години и тие гласале претежно од Македонија, а останатите од Германија, Грција, САД, Австралија и други држави.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски