Анкета на „Макфакс“: 83,7 проценти од луѓето би се иселиле од државава

Од:

Истражувачки центар на Макфакс спроведе анкета со прашање „Дали би се иселиле од државава“ во траење од 24 часа, односно во периодот од 9 април до 10 април на пладне, а спроведена на 15 веб страници. Вкупно гласале 9051 испитаници.

Најголем дел од испитаниците или 71, 3% одговориле дека доколку се во можност би ја напуштиле државата, и тоа засекогаш.

12,4 % проценти би заминале од државата но тоа би било само привремено, односно би се вратиле назад.

11% од испитаниците кажале дека никогаш не би ја напуштиле државава, а 5,3 проценти кажале дека не размислувале досега за ова прашање.

Додека траеше анкетата, гласале односно одговориле на прашањето вкупно 9051 испитаници, од кои повеќето се мажи, 61,2% а жени биле 38,8 проценти.

Најголем дел од учесниците во анкетата се на возрасот од 25 до 34 години, односно дури 40 проценти. Од 35 до 44 години се втората најголема група која учествувала во анкетата, односно 31,5%.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

A1on

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски