Анкета на „Макфакс“: 67,7 отсто од граѓаните сметаат дека метлата на Заев нема да потфати никого

Од:

Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе онлајн анкета со прашање „Кого ќе потфати метлата на Заев?“ во траење од 24 часа спроведена на 15 веб-страници.

Најголем дел од испитаниците, односно 67,7 отсто одговориле „Никого“ додека пак 11,3 отсто одговориле „министрите“. 11,1 отсто сметаат дека директорите се оние кои ќе бидат разрешени, а според 9,9 отсто од испитаниците, внатрепартиските функционери во општинските организации ќе бидат на мета на премиерот Зоран Заев по претседателските избори.

На анкетата вкупно гласале 3,887 граѓани од кои 69,71 отсто мажи и 30,29 отсто жени. Во однос на возраста најзастапени во анкетата се оние од 25 до 34 години односно 36,78 отсто, додека пак 34,24 отсто од тие што гласале се на возраст од 35 до 44 години.

Анкетата започна на 24.04.2019 во 12 часот и траеше 24 часа.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Анкета: Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат Трамп на почетокот на неговиот мандат

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on