Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг

Од:

ВМРО-ДПМНЕ има највисок рејтинг меѓу политичките партии, а актуелениот премиер Никола Груевски е најпопуларен политичар. Вака покажува најновото истражување на Инстутутот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), на Владимир Божиновски.

На прашањето „За која партија би гласале доколку парламентарните избори би се одржале следната недела“, 23,1 процент од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, 14,9 за СДСМ, 6,7 за ДУИ, 4,2 за ДПА, 1,8 за НДП, 1,1 за ЛДП и 0,5 проценти за ВМРО-НП. 30,6 проценти одговориле дека не знаат за кого би гласале, а 15,7 проценти не би гласале за ниедна партија.

За Никола Груевски би гласале 23,5 насто како иден премиер, 8 проценти за Бранко Црвенковски, 6,3 проценти – Али Ахмети, 2,7 – Мендух Тачи, 2,3 – Руфи Османи, 2 – Радмила Шекеринска, 1,4 – Арбен Џафери и 1,2 проценти – Љубчо Георгиевски. Најголем процент, односно 29 проценти не знаат кого би го избрале за иден премиер, 15,6 проценти не би избрале ниеден, а 8 проценти би избрале друг.

Анкетираните, односно 45 проценти од нив, исто така сметаат дека опозицијата не би ја добила довербата на мнозинството граѓани на следните парламентарни избори, а 25,10 проценти одговориле потврдно. 29,90 проценти се изјасниле дека не знаат дали опозицијата би ја добила довербата на следните парламентарни избори.

Телефонската анкета е спроведена во периодот од 25 до 29 мај и со неа биле опфатени 1.111 испитаници.

 

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ