Анкета на Институт за демократија и МЦМС: Македонците против, Албанците со поддршка за чинот во Слупчане

Од:

Поклонувањето на Министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на борците на ОНА во Слупчане не води кон помирување во земјата.

Вака одговриле мнозинството македонски изпитаници, додека испитаниците Албанци имаат спротивно мислење во анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Останатите етнички заедници во целина негативно гледаат на потегот на министерот Бесими.

Кај испитаниците Македонци секој седми од 10 на кои им било поставено прашањето, сметаат дека поклонувањето пред споменикот на ОНА во Слупчане не придонесува кон помирување, за разлика од испитаните етнички Албанци од кои секој осми од 10 се изјаснил дека тоа е позитивен акт на помирување.

Според анкетата 49 проценти од испитаниците сметаат оти кризата треба да се надмине преку дијалог во институциите, 15 насто дека се потребни предвремени парламентарни избори, а 13 проценти дека кризата може да се реши со формирање ново парламентарно мнозинство.

Испитувањето е спроведено во периодот меѓу 14 и 17 септември со телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски