Анкета ИПИ: ВМРО-ДПМНЕ 22% – СДСМ 16%

Од:

Според анкетата на  Институт за политички истражувања Скопје, доколку утре има избори , ВМРО-ДПМНЕ би освоила 22 проценти од гласовите, а СДСМ 16.

За ДУИ би се определиле 6,5, а за ДПА 3,9 проценти од гласачите.

За ниту една партија не би гласале 14,1 процент.

Високи 34 проценти не знаат за кого би гласале.

23, 3 проценти довербата за премиер би му ја дале на Груевски, на Црвенковски 8, 1, на Ахмети 6,2, на Шеќеринска 4,0 а на Заев 3,6.

Голем е бројот на неопределени.

Не знаат или немаат одговор 27,7 проценти, а никому довербата не би ја дале  21,9 проценти од испитаниците.

Анкетата е спроведена од 29-ти октомври до 1-ви ноември врз 1.115 испитаници

Би можело да ве интересира

Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он