Анкета: 86% против државен испит

Од:

Факултети.мк спроведе анкета од 14 до 18, на која учествувале 1052 испитаници и вклучувала 10 прашања, односно 10 предлог закони од Министерството за образование.

„За предлог законот за Академија за наставници (резултати), испитаниците велат не – 59% од нив се против законот; Предлог законот за наставници во основните и средните училишта(резултати) испитаниците дадоа зелено светло – 52% од нив го поддржуваат овој закон; 55% се против редефинирањето на Болоњскиот систем (резултати); За предлог законот зазадолжителен устен испит (резултати) гласаа 62% наспроти 39% кои го прифаќаат законот; Испитаниците со категорично не за воведување на државен испит (резултати) – 86% од нив се против законот, а 14% за. Испитаниците велат дека со државниот испит проблемот се решава површински; Предлог законот за испит за студентите странски државјани(резултати) помина позитивно – 63% велат да, а 38% велат не; За предлог законот студиски програми од трет циклус на студии (резултати) да можат да организираат само универзитетите кои се меѓу првите пет рангирани универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите гласаа 60% од испитаниците; Испитаниците сметаат дека ректор или декан на високообразовна институција не може и не треба да биде истрански државјанин (резултати) – 28% го прифатија предлог законот, а 73% рекоа не;

За предлог законот на педагошките факултети (резултати) да можат да се запишат студенти со минимум просечен успех од 4.00 во средното образование, и полагање на посебен приемен испит за педагошките факултети 65% од испитаниците велат да, затоа што денес секој го завршува овој факултет, а 35% се против законот; Законот за обука и испит надиректор за основно училиште (резултати), средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење го прифатија 63% од испитаниците, а 37% велат не“, се резултатите од анкетата која ја спроведе Факултети.мк.

Би можело да ве интересира

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски