Анима Мунди: Убиецот на Идриз казнет парично

Од:

„Липски е кривично казнет парично во износ од 60 000 денари кои Обвинителството го обврзало да ги уплати за хуманитарни цели на сметка на Анима Мунди , а со цел укажување на помош на животни. Исходот е таков бидејќи Липски признал вина, искажал каење, никогаш претходно не бил осудуван и извршил уплата по налог на ОЈО оваа е казната со која доби олеснувања во кривичната постапка.

Нас оваа казна и овие средства не не радуваат и сакавме да го видиме Липски во затвор, но исто сме свесни дека обвинителот ангажиран на овој случај сторил се што можел, искористил и дискреционо право да наместо во Буџетот на РМ средствата бидат наменети во хуманитарни цели, за животните.

Овие средства за нас се фонд на Идриз кои но ќе бидат искористени за итни случаи во негово име, а сликите и итните случаи ќе бидат одбрани јавно. Идриз да спаси други, зошто Идриз не можевме да го спасиме. Можеби судот завршил со Липски но ние не. Липски ќе биде за секогаш обележан како убиец, кој пред се е казнет со осудата на целата македонска јавност, кој успеавме да го казниме финансиски со вкупен износ од 1 800 евра, кривично и по Законот за заштита и благосостојба на животните“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on