Анима Мунди со кампања против Законот за еутаназија на животнте

Од:

Здружението за заштита на животните Анима Мунди жестоко реагира на предлог-законот за заштита и благосостојба на животните кој на 11 септември ќе се најде на прво читање во Собранието. Здруженето соопштува дека почнува масовна кампања против еутаназијата на животните.

За само еден час, педесетина граѓани испратиле фотографии за поддршка на кампањата.

Анима Мунди информираат дека предлог-законот за заштита и благосостојба на животните кој е доставен до Собранието не е истиот оној што им бил беше проследен за да дадат анализа и коментари.

„Од тие причини, повторно доставуваме наше мислење, коментари и корегирани предлог амандмански промени на Предлог-законот. Пред истиот да биде усвоен, се обраќаме како репрезенти на голема група македонски граѓани кои се борат, залагаат и говорат во име на милиони чувствителни и интелигентни битија кои за себе сами не можат да се изборат – а тоа се животните. Веруваме дека во борбата за хуманост сме сите едногласни и на иста страна. Затоа ја бараме Вашата поддршка, поддршката на институциите и пратениците во Собранието на Р. Македонија кои ќе одлучуваат за судбините на животните.

Најзагрижени сме во однос на членот 28 од законот кој, во конечниот Предлог законски текст, не ја забранува еутаназијата на бездомни животни.

animaEutanazija1

Претходно, Агенција за храна и ветеринарство се согласи со нашите барања и првично ја забрани еутаназијата – но, во понатамошната процедура на усогласувањето на Предлог законскиот текст, таквата забрана е повлечена.

Повлекувањето на забраната за еутаназија значи давање можност за произволно, нехумано и масовно усмртување на бездомните животни во Македонија, нешто за што со години има реакции и критики на македонската и меѓународната јавност и институции, вклучително и на претставниците од Европскиот Парламент. Усмртувањето освен што е нехумано, не дава никакви резултати во намалувањето на бројката бездомни животни.

Впрочем, за тоа говори и последното пребројување на бездомните кучиња во главниот град, каде јасно излезе на виделина дека еутаназијата која се спроведува од 2008 година само незначително го има намалено бројот на бездомни кучиња. Но, затоа пак луѓето ги изгубија своите маалски миленици на кои беа навикнати, на чие место, на слободните територии доаѓаат нови и нови единки.

Од овие причини бараме да се забрани еутаназија на кучињата како механизам за надминување на проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња , како што првично предложи и Агенцијата за храна и ветеринарство, во рамки на Нацрт Законот за заштита и благосостојба.

За радикален и неприфатлив го сметаме и членот 32 со кој се предвидува усмртување на кучињата кои каснале човек или животно. Посочуваме дека животните агресијата ја стекнуваат кога се стимулирани од своите сопственици и/или како резултат на траума. За таквото однесување вината треба да се бара и најде во сопствениците, а не во животните!

Ние би искажале поддршка да се воведат најстроги казни за сите оние кои поттикнуваат агресија кон животните или практикуваат неодговорно сопствеништво, како и забрани таквите лица понатаму да чуваат кучиња. (Амандман 14 се однесува на оваа проблематика).

animaEutanazija12

Законот за заштита и благосостојба на животните е единствен правен акт кој постои да ги штити животните и нивните права и благосостојба. Поаѓајќи од таа елементарна функција на законот, целта на неговото менување е истиот да биде унапреден. Неприфатливо е одредени права и законска заштита на животните да бидат одземени и сериозно уназадени во однос на се уште актуелниот Закон за заштита и благосостојба на животните од 2007 година!

Од тие причини посочуваме и дека би било скандалозно воведувањето на можноста експериментални постапки да можат да се изведуваат врз бездомните животни, или животните кои припаѓаат на видови домашни животни; човеколиките и нечовеколиките примати, животни земени во дивината и во сите оние случаи кога постои меѓународно потврден алтернативен метод. Експериментите врз животни се еден од најболните и најсуровите облици на искористување на животните (примери од најчестите практики се континуирано вбризгување отрови – тестови за отровност; сакатења, ослепувања; палење, вивисекција – т.е секцирање на живо; поставување на електроди во мозоците на животните, ректумот на животните и сл; вештачко стимулирање на тумори; изгладнување, изолација, психичко измачување, предизвикување страв, депресија која предизвикува шок кај животните или самоповредување – на животните) нешто што наидува на најсилни осуди од светската јавност.

Од тие причини очекуваме дека Законот за заштита и благосостојба на животните во Република Македонија во ниту еден случај нема да ја прошири можноста за вршење експерименти врз животни врз кои тоа не било претходно дозволено; дека ќе ги забрани експерименталните постапки во сите оние случаи кога постои алтернатива; и дека ќе поттике развој на алтернативни методи кои нема да вклучуваат насилство врз животните кои исто како и луѓето чувствуваат, страдаат и сакаат да живеат!

Како суштински по важност сметаме дека треба да бидат проценети и генералните забрани кои ги предлагаме, а кои би претставувале кусо, прецизно и јасно ограничување на оние практики кои се насилни и исклучително болни кон животните.“, пишува во реакцијата на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on