(ВИДЕО) Анима Мунди: Што и да сме, луѓе не сме – хорор во Гостивар

Од:

„Руиниран напуштен објект, целосно ограден, дел само со дупки преку кои едвај влегува малку воздух, и без светлина; со нула законски стандард за стационар, дувло како да е создадено по највисоки стандарди за мачилиште. Наоколу живи но и мртви, расфрлани трупови од кучиња. Нелегален објект преполн со преплашени и повредени кучиња, оставени без храна и без вода, да умираат во сопствениот измет или меѓу себе да се јадат живи – ова е стационарот на општина Гостивар! Задолжена за „грижа “ на животните не биле некакви си служби, туку извесен шинтер кој ако сакате да ви го пушти заловеното куче мора да му го откупите. Според наши сознанија ангажирана и ветеринарна амбуланта од Тетово. Градоначалник, општина, АХВ, полиција што прават тие, не знаеме; очекуваме по снимкиве ќе се јават“, велат од Анима Мунди.

„Во 21 век Македонија е најлош можен кошмар и халуцинација, но нема будење! Суровоста кога не се казнува метастазира, а како што тргнало нам ни нема лек! Третманот кон живи битија е нашето огледало, огледало на властите и институциите кои се платени да работат во интерес на граѓаните и животните согласно стандарди својствени за цивилизирани општества; за кои сме ние за жал само паралелен универзум, другата крајност полна изопаченост и садизам“, додаваат од здружението Анима Мунди.

Тие велат дека за овој случај ќе поднесат пријави без апсолутно никака надеж дека нешто ќе се преземе, зошто институциите, како што кажуваат не им дале причина да им веруваат.

„Објавуваме со тенденција да се види што сме и до кај сме, а истото да го видат и среќниците кои живеат во некои нормални општества и држави. Еве луѓе како завршуваат животните во европска Македонија, а со што ние секојдневно се соочуваме и бориме“, додаваат во соопштението.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on