Анима Мунди: Секта или умоболно изживување – сатанистички симболи и искасапено маче среде текст кој го слави сатаната на улица во Драчево!

Од:

„Фотографијата направена утрово во Драчево ни ја испратија згрозени и уплашени граѓани на која се гледа раскомадано маче – телото мачето е буквално пресечено на пола – поставено на улица среде сатанистички симболи и латински текст „слава му на сатаната (аd majorem sathanas gloriam ) “ и „врати на пеколот, отворете се (zazas, zazas, nasatanada zazas)“

Оваа слика е затекната на тротоар на автобуската станица во Драчево.

Ваква морбидност до сега немаме сретнато и неопходна е итна полициска истрага за да се фати сторителот! Не знаеме дали станува збор за организиран сатанистички ритуал во Скопје или монструозна игра на некој психопат, но што и да е во прашање сторителот мора да се фати и одговара кривично со најстрога затворска казна за изживување и убиство на животно. Повикуваме да СЕКОЈ КОЈ ИМА БИЛО КАКВИ СОЗНАНИЈА за овој случај веднаш пријави во полиција или не контактира нас и помогне во процесот на поднесување пријава.

Сите науки кои го толкуваат човекотото однесување укажуваат дека ваква бруталност може да ја стори само садист, психопат и социопат со изразени манијакални способности и како таков не претставува опасност само по животните туку по секое живо суштество. Доколку станува збор за сатанистичка секта феноменот е уште посериозен затоа што тенденциите на сектите се да инволвираат што повеќе животни и/или луѓе како ритуални жртви. Институциите мора да истражат дали на ова место во Драчево имало камери кои можеле да го снимат сторителот и дали има сатанистички секти во Скопје и Македонија. Особено што по објавувањето на оваа фотографија повеќе граѓани не информираат дека истиот текст е виден и на ѕидот на детска градинка во Тавталиџе, како и на ѕид на зграда во центарот на Скопје“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ