Анима Мунди поднесе пријава против општина Битола заради суровиот однос кон жиотните

Од:

Заради суровиот третман на бездомните животни во општина Битола, здружението Анима Мунди поднесе пријава против општината за:

1.Нехуман третман, нехумано згрижување и сместување на бездомните кучиња во општина Битола т.е. нивно заловување и носење во зоолошка градина, чување во крајно сурови услови, мачење,усмртување;

kuceZatvoreno

2. Дејствување без Програма за што Општината Битола ја обврзува Законот за заштита и благосостојба на животните и

3.Дејствување вон одобрено Прифатилиште, т.е. во Зоолошка градина.

kuceZatvoreno2

Поточно освен што условите и третманот на животните е суров, целото дејствување се спроведува без било каква дефинирана програма за хуман третман на бездомните кучиња и намалување на нивната бројка, т.е. произволно и спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните.

kuceZatvoreno1

„Во процесов се ангажирани шинтери од ЈП Комуналец Битола (необучени), но не и ветеринари и се спроведува чистка на бездомните кучиња , а не стерилизација и враќање на кучињата на територијата на која се заловени, како што налага законот. Животните се изложени на стрес, трауми (се стационираат во услови каде се чуваат диви животни), крајна неудобност , глад, жед, болести и на крај смрт. Самото сместување на бездомни животни во зоолошки градини е недозволиво , а ако ги земеме и во предвид условите и целта на нивното заловување во случајов фрапантно и експлицитно се крши Законот за заштита и благосостојба на животните, како и Правилникот за техничките услови за прифатилишта – акти кои дефинираат норми, но и казнени постапки по кои бараме веднаш да постапат надлежните институции и најстрого ја казнат општината како прекршител на Закон.“, соопштуваат од Анима мунди.

Би можело да ве интересира

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ