Анима Мунди: Нема да има дисциплина “бркање петел“

Од:

По вчерашната реакција од Здружението за заштита на животните, Анима Мунди организаторот на „Спортските игри во Железара“ како и претставници на КФМ Железарец увериле дека никаква дисциплина бркање петел, точка со мачење на животно нема да има за време на тридневниот спорстки настан.

-Дисциплината бркање петел застапена на флаерите е наш технички превид за кој Ви се извинуваме. Ве известувам дека дисциплината бркање на петел е организирана само еднаш во 2010 година, односно првиот турнир. Сликите кои се излезени во јавноста се од првиот турнир(прикачени и во 2011 година). Ние грешката ја соочивме уште првата година и затоа таа дисциплина ја исфрливме од нашата програма за турнирот. Флаерите кои се закачени за оваа година ќе ги отстраниме од јавните места во населбата и Ви ветуваме дека дисциплини кои ги загрозуваат животните нема да бидат дел од нашата програма, е одговорот и појаснувањето кое Здружението го доби од организаторите.

Би можело да ве интересира

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ