Анима Мунди: Македонија – последниот круг од пеколот за животните!

Од:

„Полиција заштити психопат, садист, деликвент кои со денови измачува коњ, го изгладнува, чека да умре во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, како потоа со него би нахранил кучиња чувани за борби, кои исти така ги чува во дворот на училиштето. Насилникот има уште еден коњ кому ќе му дојде редот после.

konj reakcija reakcija

Иако граѓани реагирале, иако е обезбедено возило за транспорт на коњот и му е дадена инфузија по што се исправил, собрал малку сила; иако реагирала и новинарката Ј. Ивановска и лично отишла на самото место; иако е повикана полиција за да се одземе и спаси немоќното животно; иако нашиот адвокат разговараше со полицијата и ги информираше дека ова лице злоупотребува животни, учествува во борби со кучиња и во моментот но и претходно го крши кривичниот закон,  полицијата го заштити оној кој овој коњ денес ќе го заколе, и кој егзистира пред нивни очи од борби со кучиња!

11225392_10207352970162413_1163959063627629060_n

Криминалци, насилници, џган се штити во Македонија, наместо хуманоста – Македонија е последниот круг од пеколот за животните!

11914863_10207352968442370_3776710725263239981_n

Се обраќаме јавно до градоначалникот Сокол Митровски да постапи, реагира, го спаси коњот и ни го предаде; се обраќаме на Агенција за храна и ветерина, директорот Зоран Поповски да веднаш постапат и ги спасат животните во OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” каде се случува хорор пред очи на граѓаните – иако согласно закон ваков садист требал да биде зад решетки одамна, полицијата не постапува, животните се мачат и убиваат и ниту еден нормален човек не може да стори ништо“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on