Кучињата сами по себе никако не можат да бидат извор на болеста лишманија која се шири саму преку инсект (мушичка), за што е потребно градот да врши редовна дезинсекција. Болеста не се пренесува преку кучињата преку никаков контакт – допир, галење, играње, а ниту пак со угриз од животно, туку исклучиво преку мушички преносители и само со нивно сузбивање се сузбива ризикот по човечкото здравје, реагираат од здружението Анима Мунди по објавувањето на информацијата за жена која починала од оваа болест во Штип.
-Се обраќаме со цел да запре кревањето паника и страв во однос на бездомните кучиња и нивното поврзување со трагичната смрт на жена како последица од заболување со лишманија. Написите за масовна појава на лишманија и посочување дека истата се пренесува преку кучињата не е ништо друго освен лаги, сеење страв, паника и поттикнување на агресија, насилство кон животните, кое оди во прилог на нивно брутално и масовно убивање, се вели во соопштението од Анима Мунди.
Шпекулирањето во случаи кога се случува трагедија со смртни последици, велат оттаму, е повеќе од дегутантно и неприфатливо, а речиси сме сигурни дека општините ваквите несреќи ги искористуваат како повод за масовно убивање на животните што, потенцираат, нема да дозволат да се случи.