„Тепани, претоварени, изгладнувани, умираат без капка вода, секојдневни робови на вжештениот асвалт! Која цивилизирана земја го третира ова за подразбирливо, прифатливо, нормално? Прашуваме како е можно се уште државата да биде целосно инертна и го игнорира секојдневниот проблем на злоупотреба, преработување, искористување на коњите како превозно средство и средство за влечење товар во Македонија. Во меѓувреме ова се снимки и слики од улиците врз основ на кои може да процените сами дали овој проблем смее и понатаму да се премолчува!
Инсистираме да се преземат итни мерки за да се спасат коњите од секојдневно злоставување и измачување! Инсистираме да се донесат забрани за нивна употреба во урбани средини, затоа што ја загрозуваат колективната безбедност“, велат од Анима Мунди.
„Иако поднесовме ПРЕДЛОГ ИНИЦИЈАТИВА до сите надлежни институции, со пресек и усогласување на повеќе законски акти ; иако побаравме од кандидатите за градоначалници пред локалните избори да се заложат за ургентно воспоставување на забрана за движење на влечни коли со коњи во урбани средини, во рамки на Одлуки за комунален ред на ЕЛС – со што ќе се оневозможи злоупотребата на коњите и обезбеди поголема безбедност на сите граѓани во сообраќајот – тогаш беше „ќе биде, ќе биде“ но до сега ниту еден до сега не се произнесе за нашето барање. Никој децидно не кажа дека конечно ќе запре мачењето на овие животни; дека се обезбеди сообраќајна безбедност и обештетат оние кои со коњите преживуваат на начин на кој не смее да живее никој во едно нормално, цивилизирано општество“, се вели во соопштението на Анима Мунди.