Анима Мунди: Итно затварање на Зоо Битола и најстрога казна за убивање на волците!

Од:

„Шокирани во однос на вчерашното бегство на 2 волка од ЗОО Битола и нивното убивање од страна на службите во Битола, бараме и инсистираме на итно затварање на Зоо Битола и најстрога казна за одговорните лица!

„ Волкот дефинитивно е ликвидиран, се вратил во живеалиштето, но повторно се обидел да бега па мораше да го застрелаат“ рече Нешовски.

Ова е изјава дадена од самиот директор на оваа трагична институција која во ниту еден случај не ги задоволува стандардите за заштита и благосостојба на животните, која освен што ги измачува животните, е континуирана закана и опасност по жителите на Битола!

Директоре Нешовски, вашата ликвидација на живи битија за кои како институција сте се „грижеле“, укажува јасно каков третман имаат животните и како вие лично ги доживувате. Сте „ликвидирале„ 2 живота кои биле осудени на заробеништво и од очај посегнале по слобода. Починивте убиства. Фактот дека 2 волка избегале од таму, укажува пак каква е безбедноста на граѓаните – оние кои влегуваат во Зоолошката, но и оние кои живеат во градот.

Ги повикуваме институциите на итна реакција и одземање на дозволата за работа на Зоолошката во Битола, и итно одземање на животните. Време е во интерес на живите несреќни животни и заштитата на жителите на Битола, таа тажна Зоолошката да се ликвидира – засекогаш“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола