Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ потпиша Меморандум за соработка со општина Куманово.
Со Меморандумот ќе се спроведе проектот во доменот на комуналната зоохигиена, урбаната хигиена, колективната здравствена заштита на луѓето и животните, како и подобрувањето на имиџот на местото на живеење.
Во соопштението на здружението стои дека општина Куманово ќе биде дел од големиот едукативен караван „Правиме денес, за подобро утре – за луѓето, природата и животните“.
-Проектот содржи едукативна трибина и акција за вдомување на миленици како хумана алтернатива, наместо купување. Истовремено за прв пат во градот ќе се постават одреден број информативни табли и канти за измет од миленици-стои во соопштението.
Тие сметаат дека со проектот ќе придонесат за поттикнување на свеста кај граѓаните и зголемување на квалитетот на живеење во општината.
Елена Георгиевска