Анима Мунди: Гевгелија најавува убивање на бездомните кучиња!

Од:

„Контактирани сме од бројни Гевгеличани дека Советот на општина Гевгелија (едногласно,со предвиден буџет) усвоил Програма која го дефинира третманот на бездомните животни. Програмата гласи : Програма за дезинфекција, дератизација и ерадикација на животни скитници во општина Гевгелија.

Шокирани сме што предвидува општината да им направи на бездомните кучиња и повикуваме итно да се запре намерата за овој линч на животните! Зборот ЕРАДИКАЦИЈА значи потполно УНИШТУВАЊЕ,ИСТРЕБУВАЊЕ на кучиња скитници на територијата на општината. Очигледно општината не е свесна дека кучињата не се скитници, туку бездомни животни (така се дефинирани со закон) ,напуштени, бездомни но не по своја вина! Дека проблемот со прекубројноста на кучињата е проблем кој може да се реши само со масовна стерилизација на бездомните, одговорно сопствеништво (вдомување, стерилизација на кучињата со сопственик) казни на неодговорните сопствници доколку ги напуштаат милениците и никако поинаку.

Со оваа Програма општина Гевгелија , на чело со градоначалникот Иван Франгов намерува најгрубо да го прекрши Законот за заштита благосостојба на животните на територијата на Република Македонија во кој е недвосмислено посочена методата за масовно стерилизирање на бездомните кучиња, нивно вакцинирање, обележување и враќање назад на територијата на која биле заловени (член 28 од законот) ! Секој акт на насилство согласно истиот закон предвидува казни од 6 000 евра за правно лице; понатаму глоба од по 1 500 евра се предвидува за сите во продолжение наведени одредби: доколку интервенциите не се вршени во регистриран стационар; доколку не се ангажирани стручни ветеринарни лица; не обезбедува соодветни мерки за заштита и благосостојба на кучињата и грижа околу нив ; не се соработува со здруженијата за заштита на животните и слично. Поточно секаква друга метода претставува најгруб противзаконски акт , акт на насилство, нецивилизираност, примитивизам кој го крши и Кривичниот закон кој предвидува и казна затвор (член 233 Мачење на животниили доколку е труење би било и член 288 Предизвикување општа опасност)!

Прашуваме ова ли е прифатлив хуман и цивилизиран третман на животни во едно современо општество?Се прашуваме дали луѓето што ја ставиле на гласање оваа програма имаат елементарна човечност, ги знаат значењата на стручните термини кои што се употребени за да се скријат вистинските намери, а тоа е насилство и убивање. Во план ли е труење на животните со што и целокупната јавност ќе се изложи на опасност? Ќе си ја препише ли некој од надлежните одговорноста за ова планирано масовно убивање на кучиња скитници на територијата на општина Ѓевгелија? Еве дел од документот кој што можете да го симнете од официјална веб страница на општината.  

Се обраќаме на градоначалникот Франгов итно да го запре овој срамен процес изгласан од Советот на општината со кој би се компромитирал и себе си и општината! Кучињата во Гевгелија не смејат да се убиваат, зошто убивањето е противзаконито, а воедно никогаш нема да го реши проблемот со бездомние животни – напротив, само го продлабочува проблемот и ги троши парите од буџетот, парите од граѓаните!

Се обраќаме на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот Зоран Поповски итно да интервенираат и го спречат најавениот терор, а воедно и да ги ревидираат Програмите на сите општини во Република Македонија за третман на кучињата . Очигледно е дека насилството се случува насекаде околу нас – кога најавено, кога ненајавено – истото се толерира и ја компромитира Република Македонија. Време е да запре“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско