Анима мунди: Да се спасат малите волци!

Од:

Згрозени сме од веста која горделиво е презентирана на телевизија Кобра, за извесен Славчо Трајчев од село Дедино кој нападнал волчје легло и од мајката одзел 6 мали тукушто прогледани волкчиња. На ова лице не му било прв пат – досега одзел 215 мали волци од нивните мајки, ги изложил на страдање и убил, реагира „Анима Мунди“.

„Срам ни е што живееме меѓу луѓе кои немаат основна почит кон животот, мајчинството и природата. Кукавици и патолошки насилници кои силата ја демонстрираат врз послабите и ништо не им е свето! БАРАМЕ институциите да реагираат и малите волци да бидат спасени, вратени во леглото веднаш! БАРАМЕ најстрога казна за Славчо Трајчев од Дедино за кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните и Законот за ловство“, вели „Анима Мунди“, здружението за заштита на животните и најавува пријава против убиецот на доенчињата.

Би можело да ве интересира

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ