„Анима мунди“ бара итно да престане чистењето на езерцата во Градски парк

Од:

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара итно да запре, според нив, грубото механичко чистење на езерцата во Градскиот парк, кое, како што велат, се спроведува нестручно и насилно, при што претставува уништување на животната средина!

„Во денови кога се чистат езерцата во градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и осет се уништува животното подрачје на бројни растенија и животни, се врши ликвидација на езеркиот разновиден жив свет, убиваат ијладници школки, рептили (скопскиот гекон), речни змии, жаби, тритони, алги…

Се деградира и неповратно уништува преубав, богат и разновиден природен амбиент кој е живеалиште на над 90 видови птици кои го красат Градскиот парк, од кои дел гнездат во него а дел го користат како попатна станица при нивната миграција.

Со груба механизација, нестручно работење и исклучувањето на дотокот на водата од Вардар, езерцата и каналите пресушуваат при што живиот свет се осудува на бавна смрт“ велат од здружението.

Би можело да ве интересира

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ