Анима Мунди бара истрага и затворска казна за монструмот кој фрла куче преку прозорец

Од:

Анима Мунди, Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ) и Мали Херои од Битола се шокирани од случката за монструозно изживување врз куче во Битола – негово претепување и фрлање преку прозорец.

Според граѓаните во Битола, локацијата на која се прикажува овој чин е позади Универзитетската библиотека во Битола, на ул. Стево Патако.

Ние Анима Мунди, Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ), Мали Херои од Битола, бараме итна истрага – проценка од видео записот за која адреса конкретно станува збор со што лесно ќе се дознае кој е сторителот на ова умоболие. Како станува збор за монструозно дело сторено со умисла инсистираме на најстрога – затворска казна за монструмот, без можност за условни казни со што само ви се охрабриле ваквите деликти во иднина.

Се обраќаме до Битолчани и го повикуваме секој сведок за дополнителни информации – за да ја избегнеме можноста да оваа суровост помине неказнета и заборавена! се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот