„Анима Мунди“ апелира да им се помогне на децата кои вдишуваат лепак

Од:

Шест, седум деца на возраст до десет години, трошно облечени, некои од нив боси, втиснати едни во други лежеа на скалите и дуваа лепак. Сцената беше болна, шокантна но она што повеќе шокираше беше инертноста нa возрасни луѓе кои буквално поминуваа покрај нив, како да се невидливи, како да ништо не се случува. Едно лице од обезбедувањето од подрумскиот дел на ГТЦ се обиде да ги избрка со клоци.

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ ја опиша сцената на која биле сведоци нејзини претставници вчера попладне во гаражите на ГТЦ.

„Почитувани новинари иако надвор од темата која Анима Мунди ја третира, од причина што вашиот збор може да го разбрани мртвото море човечност, ве замолуваме да посветите внимание на оваа тема и се обидете да привлечете фокус врз овој проблем. Мора да им се помогне на децата!“, е повикот на „Анима Мунди“ до медиумите.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on