А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ангова: Набавката на опрема и инвентар за Струмичката болница е од огромно значење

by А1он27/03/2017 - 16:35220
Share0

Набавката на медицинска опрема и немедицински инвентар во вредност од над 2,4 милиони евра за Општата болница во Струмица е од огромно значење, истакна денеска на прес-конференција директорката на оваа јавна здравствена установа, Анкица Ангова.

Добивај вести на вибер

Според неа, целокупната опрема ќе биде наменета за опремување на новиот хируршки дел кој почна со доградба и реконструкција од минатата година, а кој располага со 6.500 квадратни метри површина.

– Се надеваме дека со оваа опрема и со реконструкцијата ќе го затвориме овој комплексен објект кој е во согласност со современите текови и се надеваме дека ќе ги подобриме здравствените услуги за пациентите, како и дека ќе помогнеме за амбиентален развој и подобрување на условите за работа на персоналот. Во овој нов дел, не планираме да внесеме стари апарати или немедицински инвентар, освен доколку одредена апаратура има уште работни саати, појасни Ангова.

Потенцира дека кога комплетно ќе биде завршен новиот хируршки блок ќе се зголемат и капацитетите на болницата. Сместувачките капацитети, истакна таа, ни се ограничувачки, не само за пациентите од нашата општина, туку и за оние кои гравитираат кон Струмица.

– Во моментов на располагање имаме 218 кревети, а со новиот блок бројката ќе надмине над 300 кревети. Во одредени моменти секој кревет ни е драгоцен. Предност ни дава и работата со современи апарати и технологија, за кој 1/3 од специјалистите направиле обука или се запознале во регионалните центри надвор од Македонија. Тоа ни дава слобода во иднина и да се доекипираме и да понудиме и поголеми здравствени услуги, нови дијагностички постапки и нови оперативни методи, додаде Ангова.

Министерот за здравство Никола Тодоров вчера најави дека е почната постапката за јавна набавка, со која, здравствените власти за Струмичката болница, меѓу другото, планираат да купат опрема за очното одделение, транспортен инкубатор за брз и безбеден транспорт на ризични новороденчиња, транскутан билирубинометар за мерење билирубин кај новороденчиња, оксилог апарат за транспорт на тешко болни пациенти зависни од кислород, линеа за интензивна нега, ткивен процесор и ткивен калапер за доопремување на одделот за патологија, како и апарати како замена на оние кои се веќе дотраени…

strumica

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:2508/02/2026 - 15:13

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:07

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:12

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен