Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

Од:

Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ, објави на неговиот Фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Пожарот кај ова дојранско село се гасне веќе трет ден, а според последната информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста шума.

Два тима на пожарникари од ТППЕ Струмица по наредба на градоначалникот Костадин Костадинов заминаа на помош на своите колеги во Крива Паланка и селото Николиќ, Дојран, за да помогнат во справувањето со големите огнени стихии.

Инаку, лани, на почетокот на август, имаше голем пожар пред селото Николиќ, кој се гаснеше со поддршка од воздух.

ТППЕ Струмица пред малку објави дека во последен момент е спречено разгорувањето на шумскиот пожар што избувнал попладнево во падините на Беласица, над селото Мокрино. Екипи на ТППЕ Струмица, помогнати од ЈП „Национални шуми“ и месното население го изгаснле пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче