• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Анѓушев: Со отписот на стари долгови за струја им се помага на граѓаните, а не на компаниите

by Кристијан Ландов04/02/2019 - 12:39303
Share0

Со најавената мерка за отпис на стари долгови за потрошена електрична енергија нема да има никаква помош кон компаниите, туку само кон граѓаните кои имаат бесконечна  голгота по судските и извршителските системи, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Добивај вести на вибер

-Премиерот само ја најави мерката како активност. Во моментов течат разговори на таа тема, а кога ќе бидат завршени јасно и прецизно ќе кажеме како ќе се случува тоа. Не станува збор дека државата ќе одвојува средства од Буџетот за да плаќа долгови, туку преговараме со компаниите да бидат отпишани во нивните книги долговите кои се генерирани многу години наназад, рече Анѓушев во одговор на новинарско прашање по состанокот на конзорциумот на проектот „БИМцерт“ од програмата Хоризонт 2020 во Стопанската комора на Македонија.

Тој посочи дека нема конкретна анализа за колку должници станува збор и додаде дека најверојатно се работи за околу 200.000 граѓани, но има и правни субјекти кои престанале да постојат.

-Со поделбата на поранешното Електростопанство на Македонија останаа одредени побарувања кои требаше да бидат поделени меѓу ЕЛЕМ, кој остана државна компанија, и приватната ЕВН. Договорот помеѓу компаниите беше доколку се наплатат тие средства да бидат поделени. Меѓутоа и после многу години тие средства не се наплатени и практично направија голгота кај многу граѓани. Во најголем дел долговите тешко може да се наплатат и само прават товар на граѓаните во бескрајни судски и извршителски постапки, појасни вицепремиерот за економски прашања.

Прашан дали Владата размислува да воведе рок за застареност на сметките за комунални такси во Законот за облигациони односи, Анѓушев рече дека во моментов не се разговара на таа тема.

Во однос на најавата од Владата дека ќе се обесштетат лозарите од Тиквешкиот регион на кои им останаа должни Повардарие, Стефанс винери и некои други помали винарии за откупеното грозје во последните неколку години, Анѓушев посочи дека не се обесштетуваат приватните компании, туку лозарите.

-Одговорна влада и одговорна држава нема што друго да направи освен да дејствува  на начин на кој ќе ги обесштети луѓето ако станува збор за компании кои повеќе не можат да функционираат, односно ќе одат во ликвидација или стечај. Ние не обесштетуваме фирми, туку граѓани за да можат да ја продолжат својата дејност за егзистирање. Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените. На тој начин ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство, бидејќи повеќе години не успеале да ги земат своите средства, потенцира Анѓушев.

angjusevsmetkisstruja

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:4124/12/2025 - 11:41

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски24/12/2025 - 08:4524/12/2025 - 09:52

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски23/12/2025 - 15:53

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Горан Наумовски28/11/2025 - 11:25

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски26/11/2025 - 12:2026/11/2025 - 12:21

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Катерина Ѓуровски30/10/2025 - 08:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен