(ВИДЕО) Ангеловски: Повеќе не се прислушува незаконски

Од:

Новиот директор на ОТА уверува дека веќе не се прислушува незаконски. Тој пред почетокот на првата средба со Комисијата за надзор над спроведувањето на пи-мерките за следење на комуникациите од страна на МВР, финансиската полиција, царинска управа и министерството за одбрана рече дека опремата е пренесена во новофорнираната ОТА и дека од 1 ноември ќе почне со работа. Агенцијата привремено ќе биде сместена во Централата на Телеком. Ангеловски вети транспарентност во работата.

-ОТА ќе биде транспарентна пред надлежните комисии за следење на нејзината работа. Можам да кажам дека во моментов опремата е пренесена во ОТА и нема незаконско прислупување, рече директорот Зоран Ангеловски.

Освен оваа собраниска комисија, втората комисија надлежна за работата на ОТА е граѓанската, третата е комисијата за класифицирани податоци, а четвртата е за заштита на лични податоци.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on