Ангеловска: Буџетот на Здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Од:

Буџетот е во добра состојба, ликвиден и ги сервисира потребите. Буџетот на Министерството за здравство е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, рече во гостување на емисијата Економски магазин министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање за способноста на буџетот да одговори на новите потреби поврзани со корина вирусот.

 Буџетот е во добра состојба, ние се наоѓаме на почетокот на годината, ако го погледнеме и Буџетот на Министерството за здравство, тој е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, како што сега имаше потреба да се набавува дополнителна заштитна опрема, за сето тоа, во моментот нема потреба од користење на резерви од превземање на средства од други министерства, затоа што Министерството за здравство има така скроен Буџет за да може да одговори и на ваква состојба – рече Ангеловска.

Таа посочи дека најопасното нешто е паниката, и дека е потребно е да бидеме будни и координирани. Рече дека во Министерството за финансии веќе има состаноци, како и со сите економски ресори и се прават симулации и потенцијални сценарија, кои всушност се дел од планирањето и предвидувањето и следењето во Министерството за финансии, без разлика на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Станковиќ: Кратење на субвенциите за спорт бараат оние за кои спортот беше играње фудбал по канцеларии