Ангелов: Владиката Петар да се повлече од администратор на Австралиско Новозеландската епархија

Од:

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов го повика владиката Петар да се повлече од позицијата администратор на Австралиско-Новозеландската епархија за доброто на македонскиот народ.

„Повеќе од 15 години траат недоразбирањата мегу Македонската православна заедница од Австралија и владиката Петар. Пред неколку дена имавме можност да го видиме владиката Петар како на една емисија зборува дека тие што не се со него, односно се против него во Австралија, се само 5 односно 12 црковни општини. Тоа го кажа со голема леснотија иако се работи за неколку десетици илјади Македонци.
Затоа го повикуваме владиката Петар да покажае човечка и христијанска доблест и достоинство и самиот да се повлече од позицијата администратор за Австралиско-Новозеленадската епархија на МПЦ.
Воедно го повикуваме Светиот Архиерејски Синод итно да назначи нов надлежен архиереј или администратор кој што ќе умее да го реши овој долгогодишен спор кој е на штета на македонскиот народ во Австралија“, рече Ангелов.

Според него, предлогот на српскиот претседател Томислав Николиќ да се амнестрира Вранишковски во замена за признавање на МПЦ, е донекаде прифатлив.

„Доколку Македонија се однесува како правна држава треба сите кои згрешиле кон законот, да сносат соодветни последици. Но имајќи предвид дека пред една година беа амнестирани злосоторници кои се изживуваа врз невиното македонско население, тогаш не гледаме причина и Вранишковски да не биде амнестиран, но само доколку тоа биде во корист на Македонската Православна црква“, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски