Ангелов: Пожар делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

Од:

Попладнево во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината.

Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

– Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно е зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци, а други штети се уште не се пријавени, изјави Ангелов.

Тој посочи дека од густиот чад на автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост, поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен во двата правци.

-Поради силниот ветер не може да полетаат „ер-тракторите“ на ДЗС и хеликоптерите на Полицијата и Армијата и да се вклучат во гасење. На терен се скопската Пожарна, но и локално население. Со тешка маханизација се прават препреки пожарот да не се прошири, рече Ангелов и додаде дека во моментот кога ветрот ќе намали ќе полетаат „ер-тракторите“ на ДЗС и Армијата.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во земјава има 11 активни пожари.

Би можело да ве интересира

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата

A1on

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на Пелистер не стивнува – на терен се пожарникари, механизација и воздухоплови

Горан Наумовски

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

(ВИДЕО) Пожарот кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Горан Наумовски