(ВИДЕО) Ангелов: Кога се појавија албански знамиња, Бранко не побегна во Америка како Никола

Од:

„Ако треба да избирам меѓу Бранко и Никола јас би го избрал политичкиот ветеран и воин, Бранко, кој пред неколку дена се бореше за неговите пратеници. Кога се појавија огромните албански знамиња, Бранко не побегна во Америка.

– Тогаш ја видовме Албанија во Македонија. Каде беше тогаш лажниот патриот?! Избега во Америка“, рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Англеов кажа дека во ВМРО-ДПМНЕ има чесни луѓе кои и тој ги познава и не се сите како во тесното раководство. Тој нив им порача на вонреден конгрес да си изберат нов лидер.

„Се обидуваа да ме придобијат, потоа почнаа да ми се закануваат. Никогаш нема да успеат! Откако видоа дека нема да ме исплашат и поткупат, се обидуваат да го извалкаат моето име. Латас велеше дека Ангелов не бил во војна и не бил ранет.

– Од неговото диригирање на сите провладини медиуми сум изложен на напади дека сум се придружил на комуњарите. Јас тука гледам чесни социјалдемократи, а комуњарите се во жолтата куќа“, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија