Ангелов: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дозволуваат Талат Џафери да го понижува македонскиот народ

Од:

„Престанете да не злоупотребувате, убедени сме дека се работи за перфидна игра на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за зголемување на партискиот рејтинг, а не за грижа за бранителите“.

Оваа порака ја упати претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов кој рече дека изјавата на премиерот Никола Груевски на годишнината на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ „Не сум подготвен да го вложам достоинството на цел еден народ како цена некој да го понижува а јас да молчам“, е само политички маркетинг и нема врска со реалноста.

„Грувески дали поднесувањето тужби против воените инвалиди и семејствата на загинатите оди во прилог на македонското достоинство, дали поигрувањето со судбината на македонските бранители оди во прилог на македонското достоинство? Дали е тоа амнестирањето на хашките случаи со ослободувањето на злосторниците или пак преименувањетото на улицте и училиштата со албански екстремисти “?праша Ангелов.

Според него, јасно е дека се работи за игра на двете партии на власт и одолговлекување да не се донесе законот,

„Кога јас го бранев предлог законот за бранителите во 2008. година, комисијата за труд и социјала воопшто не заседаваше, ама тоа не беше пречка да влезе на собраниска седница и да се најде пред пратениците. Сега сме сведоци како Талат Џафери си поигрува со македонското собрание и го понижува македонскиот народ, Мало потсетување, Талат Џафери беше командант на бригада на ОНА под псевдонимот „командант Форина“. Истовремено, беше обвинуван и дека е соработник на тајните служби на ЈНА. Ако Талат Џафери е толку загрижен за судбината на ветереаните на ОНА, нека одвои од неговата плата и нека им даде на некое дете од загинат припадник на ОНА од 2001. година“, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски