Ангелов ги повика гостиварци да гласаат за подобра и попросперитена Македонија

Од:

Зоран Ангелов, носител на листата со кандидати за членови гостиварскиот општински совет од редовите на СДСМ, денеска на прес конфренција од градскиот плоштад ги повика гостиварци да излезат во недела на гласање, за, како што рече, граѓаните да добијат слободна, услужна и развиена општина каде што ќе живеат и работат квалитетно.

Тој истакна дека промената мора да стане целосна и оти сега е момент, освен централната власт, граѓаните да ги освојат и своите општини.

– Одлучете се за живот во Гостивар за сите, така како што се одлучивте за живот во Македонија. Со пенкало во рака, без поделби, со кренати глави, сплотени, мирно и достоинствено – одиме на уште една демократска победа. Сега е моментот кога мораме да ја заокружиме промената кон подобра и просперитетна Македонија, повика Ангелов.

Во Гостивар коалицијата која ја предводи СДСМ, нема кандидат за градоначалник и на овие избори настапува само со листа на кандидати за членови на совет.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ