Ангелов: ЕВН ја исклучил струјата во Џевахир, имало бремена жена во лифт во една од кулите

Од:

Центарот за управување со кризи има непотврдена информација дека во една од кулите во комплексот Џевахир која останала без електрична енергија имало бремена жена, соопшти директоро Стојанче Ангелов.

– Денес околу 9.45 часот снемало струја во кулата Б во високите 40-катници во Џевахир. Стапено е во контакт со ЕВН од каде што одговориле дека поради технички проблеми дошло до прекин на електричната енергија. Подоцна ЦУК бил известен од ЕВН дека исклучувањњето се случило поради неплатени сметки. Имаме непотврдена информација дека во една од кулите имало бремена жена, односно во лифтот во кој што снемало струја.

Апелираме и до ЕВН и до управителите да се надмине оваа ситуација. Не треба да чекаме некој да настрада и некој да биде умрен за да навремено се реагира. Го повикуваме управителот на кулата кој е должен да има агрегати за напојување.

Воедно овој наш апел се однесува во било која повисока зграда од 10-15 ката. Луѓе кои ги биле заглавени во лифтовите, бремени жени, стари лица, деца или лица кои е плашат од тесен простор. Безбедноста треба да биде на прво место – рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен