„Ангели и Демони“ првонаградена маска на Струмичкиот карневал

Од:

Маската „Ангели и демони“ од СОУ „Никола Каре“ ја доби првата награда за маска со над 50 учесници на годинашниот Струмички карневал.

На шестиот ден од големата манифестација струмички карневал вечерва во Центарот за култура „Антон Панов“ претседателот на Организацискиот одбор Александар Цицимов им ги врачи наградите на најуспешните маки на „Струмичкиот карневал 2013“.

Првото место и награда од 800 евра им ја додели на маската со над 50 учесници под наслов „Ангели и демони“ на средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица. Во конкуренција на групни маски над 20 учесници, прва награда и 500 евра доби маската под наслов „Жешки игуани“, а во категоријата маска над 10 учесници првата награда ја доби маската со наслов „Струмички сладолед–млечко“. Во групата поединечни маски –современа тема маската под наслов „Роденденска торта“ ја доби првата награда и 10.150 денари.

– Ќе го пренесам задооволството и вчудовиденоста на повеќе мои колеги претставници на карневалските градови од беспрекорната организација и големината на карневалот за град од 40 илјади луѓе. И годинава видовме многу прекрасни креации и игри како од учесниците од Струмица и другите градови од Македонија, така и од нашите гости од странство. За жал проблемот со сместување на гостите останува и понатаму задача за организацискиот одбор, бидејќи малиот капацитет на хотелите е пречка на карневалот да гостуваат уште повеќе карневалски групи од странство, рече Цицимов.

Вкупниот награден фонд на годинашниов „Струмички карневал 2013“ изнесуваше 5.380 евра кои ги обезбедија општина Струмица и генералните спонзори на Струмичкиот карневал.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица