Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Од:

„Власта на Заев го доведе енергетскиот сектор до колапс. Сега својата неспособност ја покриваат не со удар по одговорните туку по вработените. Со потпис на Васко Ковачевски директорот на ЕЛЕМ, донесен е заклучок со кој се задолжуваат директорите на подружниците да достават список на работни места со број на извршители кои би биле испратени на принуден одмор и делумен прекин на работниот однос со кратење на платите во износ од 30% за период од три месеци. Овој Заклучок го потпишува на 3-ти декември”, изјави Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава дека ваквата одлука доаѓа во исто време кога истиот Ковачевски, на истиот ден 3-ти декември потпишува нов заклучок со кој бара да се ангажираат лица преку Агенција за привремени вработувања кои би почнале со работа од 1-ви Јануари 2022 година.

„Ова значи само едно дека власта преку Ковачевски има намера да ги казни партиски неподобните во ЕЛЕМ, а во исто време да вработува нови привремени вработени. ЕЛЕМ само пред неколку месеци вработуваше и сега уште вработува преку агенции за привремени вработувања, а во исто време безмалку отпушта вработени. Јасно е дека таквите списоци за казнување на вработени ќе бидат пополнети со лица кои немаат партиска книшка на СДСМ”, изјави Ангелевска

ВМРО-ДПМНЕ повикува оваа постапка веднаш да се прекине, бидејќи во спротивно после промената на власта, ваквата политичка хајка која ја прави Ковачевски ќе биде ревидирана и за тоа Ковачевски ќе сноси одговорност.

„ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање на вработените во ЕЛЕМ кои се или ќе бидат жртва на политички и партиски притисок од страна на раководството предводено од Ковачевски, со секаква, бесплатна правна помош”,додаде Ангелевска

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ