Аневски поднесе оставка од функцијата

Од:

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денеска поднесе оставка од функцијата. Аневски на чело на Советот на јавни обвинители застана во 2014 година, а во 2016 година беше и реизбран при што неговиот избор наиде на реакции дека е незаконски бидејќи тој како Претседател на Советот има право само на еден мандат.

Советот на јавни обвинители денеска требаше да одржи седница за да се назначи вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски. Седницата требаше да се одржи на 24 април, но поради немање кворум беше презакажана за денеска.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

Би можело да ве интересира

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители