Аневски поднел оставка поради семејни причини

Од:

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, денеска поднел оставка од функцијата. Оставката, како што брифираат од Советот, ја поднел поради семејни причини.

Аневски поднел оставка само од претседателската функција, но и понатаму останува член на Советот.

На денешната седница на Советот, за в.д. јавен обвинител на РМ е назначена обвинителката Лилјана Спасовска. Таа ќе ја извршува должноста до именување нов јавен обвинител на РМ.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај