Андрикиене: Строго следете ги националните здравствени протоколи на денот на гласањето

Од:

Апел за строго следење на националните здравствени протоколи упати шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикиене, на една недела пред денот на гласањето на превремените парламентарни избори.

-Гласањето почнува уште в понеделник, така што имаме помалку од една недела до него. Во понеделник и вторник и потоа денот на гласањето е во среда. Сите кои живеете и работите во земјава строго следете ги националните здравствени протоколи. Тоа е дел од нашите животи сега и секако, знаете, целиот изборен процес, сите засегнати страни се обврзани да го прават истото, мислам изборната комисија, учесниците на овие избори и исто така набљудувачите, истакна таа во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа посочи дека во моментот не може да каже ништо во врска со изборите во земјава и оти се чека да се види излезноста на граѓаните.

-Да видиме каква ќе биде излезноста во вашата земја. Чекам да ја видам излезноста во Хрватска, тие имаа избори минатата недела и одѕивот беше 46 отсто, помалку од претходно, но тоа е добар процент на граѓани кои го искористиле правото на гласање. Во Србија излезноста беше нешто над 50 отсто, во Полска беше висока, тие имаа претседателски избори. Така што ајде да видиме каква ќе биде излезноста во Северна Македонија. Знаете не можам да кажам нешто повеќе во овој момент, но може да и посакам се најдобро на вашата земја и луѓето кои живеат тука, вели шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР.

Нагласува дека во нормални околности, форматот на мисијата ќе беше изборна набљудувачка мисија со стотици долгорочни и краткорочни набљудувачи, но поради пандемијата со Ковид и здравствената состојба во светот, земјава и во регионот на ОБСЕ, ОДИХР требаше да се прилагоди на сегашната состојба.

-Мисиите испратени во различни земји за време на овој период, како на пример во Србија за нивните парламентарни избори, во Полска каде што имаше претседателски избори, вториот круг е на 12 јули во недела и во Северна Македонија форматот е специјална мисија за проценка на изборите. Тука во Македонија има девет членови, од девет земји членки на ОБСЕ. Нашите експерти и аналитичари покриваат бројни области меѓу кои изборната администрација, избирачки список, изборната кампања и финансирањето на кампањата, медиумското покривање на кампањата исто така и поплаките и механизмите за разрешување на несогласувањата и целосната правна рамка за изборниот процес, додава таа.

Андрикиене потенцира дека дополнително во нивниот мандат овој пат е детален медиумски мониторинг за целиот период на кампањата кој исто така ќе биде дел од нивната оценка на парламентарните избори.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он