(ВИДЕО) Андреа се извини за знамето: Не беше од омраза, се гордеам од каде доаѓам

Од:

Во видео кое е објавено и на официјалната страна на Евровизија, македонската преставничка Андреа се извини за фрлањето на македонското знаме додека ја фотографираа.

-Видов што се случува по медиумите и едноставно не ми се верува зошто последниве неколку дена единственото нешто што го правев деновиве е гордо се движев насекаде и го покажував гордо македонското знаме.

Но во момент каде што ме снимаше камерата и ме фотографираа побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент, да го фрлам знамето. Не беше од омраза, зошто јас се гордеам што доаѓам од тука и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова.

Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобри светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Тука сме да уживаме, не ми беше намера да навредам некого, ако го направив тоа се извинувам, го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека можеме да поминеме со ова, изјави Андреа во снименото видео.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Томи Кеш ја отпеа „Еспресо Макијато“ во Италија на улица

Предраг Петровиќ

Премиерот на Шпанија: Израел да не учествува на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Скандал на Евросонг: Обезбедувањето удира и влече демонстрант против Израел

ВИДЕО: Австрија победи на Евровизија

Исланд, Словенија и Шпанија бараат Изараел да не учествува на Евровизија: „Не можеме да мижиме пред хоророт во Газа“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни