Андоновски: Владата е директно одговорна за немањето напредок во Извештајот на ЕК

Од:

Има причина зошто Владата не организира помпезни прослави, музички настани, долги прес конференции и панел дискусии на кои се фали за успесите во своите евроинтеграции. Владата јавно покажа дека Фронтот за ЕУ е лажен фронт вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски.

– СДСМ и ДУИ се оние кои пред пет години ветија реформа на јавната администрација и нови закони и до денеска не реализираа. И денес јавната администрација е попартизирана, кронизирана, полна со непотизам, партиски избрани членови за вработени. СДСМ и ДУИ бираа членови на Судскиот совет кои потоа бизарно беа разрешувани. Извештајот јасно покажува дека нема прогрес во правосудството. А, потоа извештајот ги набројува оставките на високите функционери во Судскиот совет, голем дел предложени од СДСМ. Извештајот ги нотира и обидот за отстранување на камерите од состаноците на Судскиот совет, и контроверзното разрешување на екс претседателката на Советот. СДСМ и ДУИ се оние кои го донесоа и зголемија бројот на закони предложени со европско знаменце – сега повеќе од 50% од законите во Собранието се по скратена постапка. Првпат извештајот јасно ги набројува законите со кои се злоупотребува европското законодавство, вели Андоновски.

Според него, ова е Извештај за стагнација. Како што рече зборот стагнација или нема напредок е најзастапениот збор во Извештајот.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Андоновски: Македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата

Лорковски: Македонија напредува, но потребно е дополнително усогласување со енергетското законодавство