Андоновски: Шилегов ќе потроши 300 илјади евра за панаѓур, додека Скопје се гуши во проблеми

Од:

„Градоначалникот Петре Шилегов очигледно нема никаков допир со реалноста.

Додека Скопје се гуши во елементарни комунални проблеми, Шилегов планира да потроши 300 илјади евра за на плоштадот Македонија да направи панаѓур каде ќе се продава храна и пијалоци, со катчиња за игри и смеа.

На граѓаните ниту им е дојдено до смеа, ниту до игра. Тие на избори бираа градоначалник, а не градски паљачо“, рече Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За каква забавна програма на плоштадот се планирани стотици илјади евра кога граѓаните мака мачат да излезат од своите домови поради енормната загаденост на воздухот и проблемот со кучињата скитници.

После повеќе од една година власт, ги нема ветувањата на Шилегов за нови булевари, мостови, тунели, поголемо зеленило, почист воздух, асфалтирање на улици, водоводна, канализациона мрежа, подобар јавен превоз, инвестиции во средните училишта и уште десетици други. Сега програмата на Шилегов се сведе на журки за автобуска станица, панаѓури и скапа шминка.

Само за споредба:

За 300 илјади евра можат да се набават повеќе од 90 илјади маски за спречување на загадувањето кои можат да им се поделат на сите бебиња, деца и ученици во основните и средните училишта.

Со 300 илјади евра можат да се субвенционираат повеќе од 6000 граѓани за да купат велосипед.

Или пак да се субвенционира набавката на повеќе од 1800 електрични тротинети.

Со 300 илјади евра може да се зголеми фреквентноста на јавниот превоз.

Шилегов наместо да се занимава со реалните проблеми на граѓаните ќе прави скапи импровизации за обид за игри и смеа. Со секој ден поминат како градоначалник, тој покажува дека е неспособен да се справува со вистинските проблеми на градот, за кои е избран од граѓаните. Затоа, ние ќе го потсетуваме се додека не започне да ги решава проблемите на скопјани“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ