Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат

Од:

Ова фрла дамка на институцијата и се надевам дека останатите членови на ДКСК, кои не се никако засегнати од овој случај, ќе успеат да излезат од таквата ситуација, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски коментирајќи ги случувањата во Антикорупциската комисија откако Обвинителството завчера ја осомничи претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“ и ѝ забрани контакт со предмети на ДКСК.

-Изразувам искрено жалење за ситуација што никој од нас не ја очекувал, сметам дека е непримерно таквото однесување. Почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, се надевам дека ќе биде дадено некакво објаснување и сметам дека додека не заврши постапката во Обвинителството, а потоа и во судот, би било непримерно да продолжи да функционира тоа лице на таа позиција што ја има, рече Андоновски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која промовираше нови е-услуги за граѓаните.

Нагласи дека ситуацијата во ДКСК „не треба да значи рушење на кредибилитетот на институцијата затоа што станува збор за еден член, макар бил и претседател на Комисијата“.

-Се надевам дека ДКСК со успех ќе продолжи да си ја врши својата работа. Има три многу големи надлежности – судир на интереси и спречување корупција, проверка на законите, но и работа по Стратегијата за спречување на корупцијата. Се надевам дека членовите ќе смогнат сили да продолжат со работа, впрочем нешто што го најавија и вчера. Ова фрла дамка на институцијата и се надевам дека ќе успеат останатите членови, кои не се никако засегнати од овој случај, да излезат од таквата ситуација. Соработката досега со Антикорупциската комисија ни е позитивна и сме излегле во пресрет секогаш кога тоа било побарано од нас како Министерство. Можам само да се надевам дека ниту една политичка партија нема да го злоупотреби овој момент на, би рекол, лична слабост и недостатоци во работењето на еден човек, а не на целата институција, истакна министерот.

Андоновски смета дека „не постои можност да се парализира“ работењето на ДКСК, со оглед на некои барања за разрешување на целиот состав на Комисијата.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред се неколку точки поврзасни со нејзиното работење, како и точка за постапување по конкретни п

-Не гледам причина зошто останатите членовите би сноселе одговорност за личните постапки за еден од членовите, за потенцијалните постапки, затоа што станува збор за осомничено лице. И не би сакал дополнително да се впуштам во политизација на процесот затоа што овој состав, како и минатиот состав на ДКСК, беше избран во Собрание со поддршка од сите политички партии, вклучително и од невладини организации, во една транспарентна постапка којашто се сметаше за пример за начин на избор на членови на вакви независни тела. И во еден ваков пример, кога потенцијално овој член би си дал оставка, сметам дека во таква постапка ќе нема простор за омаловажување, дискредитација на потенцијално нови членови на оваа Комисија. Така што мислам дека треба да покажат со пример и дела дека нивната работа е кредибилна, додаде Андоновски.

На прашање дали од Владата постојат насоки или протоколи до институциите што се финансираат од државата – што смеат и што не смеат да споделуваат преку дигитални канали, Андоновски рече дека тоа прашање е регулирано со закон.

– Сите информации односно документи и податоци коишто се достапни за јавноста, во смисла не се класифицирани со некој степен на доверливост, можат да се споделуваат преку дигитални канали … кога се работи за класифицирани информации, тие се споделуваат на начин кој е утврден за Законот за класифицирани информации во специјално утврдена постапка. Доколку се работи за некој класифициран документ, има точно определено кои лица смеат да пристапат до истиот, со кој степен на доверливост, рече Андоновски.

Прашан дали Димитровска смеела да праќа информации, тој одговори дека тоа е прашање што го истражува Обвинителството и, рече, би било непримерно од негова страна да се меша со коментар во истрагата ли предистрагата што тоа ја води.

На новинарско прашање за текот на предметите што ДКСК ги има отворено за него, министерот Андоновски одговори дека се работи за четири предмети и дека нема информации до каде се стигнати постапките.

-Едниот од предметите веќе подолго време е во Антикорупциската комисија, според информациите што ги имам околу пет-шест месеци. Првиот предмет е за мојата имотна состојба, вториот е за моето семејство, третиот е за првиот напад од СДСМ , четвртиот е за вториот напад од СДСМ, рече министерот за дигитална трансформација.

Би можело да ве интересира

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи со дозвола од СДС водел задкулисни преговори за етнички прашања

Предраг Петровиќ

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДС беа заштитени и недопирливи

ВЛЕН: Тури пепел на партијата чија иднина ја крои “вечниот” Бујар Османи

Првпат во државата изведена трансплантација на менискус